Olive Advisory им овозможува на посетителите и апликантите за работа преку нашата веб-страна да ги користат услугите и содржините во согласност со дадените Услови за користење. Условите за користење важат за сите содржини и услуги на веб-страната https://oliveadvisory.co.uk. Се смета дека корисниците се запознаени и согласни со Условите за користење на содржината на оваа веб-страна само за лична употреба или со туѓа согласност и на сопствен ризик.
Olive Advisory
(бул. 3та Македонска Бригада бр.70 ламела 3, влез 1/ приземје, Скопје – Аеродром, Република Северна Македонија)
Почитувани корисници,
Ве молиме внимателно да ги прочитате следните Услови за користење пред да употреба на нашите услуги. Секоја посета на нашата страна, како и секоја апликација за работа и секое пополнување формулар, значи дека сте ги прочитале овие услови и се согласувате со нив целосно. Ако не сте согласни со нашите Услови за користење, ве молиме не продолжувајте да ја користите веб-страната.
Пристапот и користењето на https://oliveadvisory.mk/ е предмет на следните Услови за користење:
- Со пристапување на оваа веб-страна, вие сте законски обврзани да ги почитувате овие Услови за користење, сите важечки закони и прописи и се согласувате дека сте одговорни за усогласеноста со сите важечки локални закони. Ако не се согласувате да бидете законски обврзани со овие Услови за користење, ве молиме не продолжувајте да ја користите веб-страната.
- Olive Advisory ги има авторските права на целата содржина на веб-страната и секое неовластено користење на било кој дел од страната без дозвола на сопственикот на авторските права се смета за прекршување на авторските права и е предмет на правна постапка.
- Личните податоци што ги внесувате на страната ќе се третираат во согласност со нашата Политика на приватност. Не е дозволено испраќање или пренесување до или од оваа веб-страна каков било незаконски, заканувачки, навредлив, клеветнички, порнографски или друг материјал што прекршува било кој закон. Корисникот на веб-страната е одговорен за внесување веродостојни и соодветни податоци кога нѐ контактира или при пополнување на онлајн формите на нашата веб-страна.
- Olive Advisory не гарантира дека услугите од оваа веб-страна се соодветни или достапни за користење надвор од Република Северна Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа страна надвор од Република Северна Македонија, тоа го правите на ваша иницијатива и одговорност во согласност со постоечките закони.
- Овие одредби и услови се толкуваат во согласност со законите на Република Северна Македонија и нема да се применуваат принципите за решавање на судири на закони. Во случај на спорови кои не можат спогодбено да се решат во рок од два месеца, надлежен ќе биде судот на Република Северна Македонија.
- Овие Услови за користење се предмет на промена од страна на Olive Advisory во секое време. Ве молиме проверувајте ги овие Услови за користење од време на време за да забележите било какви промени, бидејќи тие се правно обврзувачки за вас. Некои од одредбите содржани во овие Услови за користење може, исто така, да бидат заменети со одредби или известувања објавени на друго место на нашата страна.
Ограничена одговорност
Olive Advisory не одговара за било каква загуба или штета, директна или индиректна, при користење на оваа веб-страна.
При секое редиректирање до надворешни веб-страни ја напуштате https://oliveadvisory.mk/. Во овој случај, Olive Advisory не одговара за содржината на какви било надворешни веб-страни. Ако одлучите да пристапите до некоја од веб-страните на трети страни поврзани со оваа страна, тоа го правите на ваш сопствен ризик.
Ако некој посетител на оваа веб-страна сподели лични податоци на друго лице, Olive Advisory не одговара за незаконска обработка на тие лични податоци. Затоа, проверете дали имате согласност од тоа лице пред да ги споделите неговите/нејзините лични податоци со Olive Advisory.
Olive Advisory не одговара во случај на повреда на правата на интелектуална сопственост на корисници или трети лица кои директно или индиректно настанале преку користењето на веб-страната.
Olive Advisory не одговара за содржината, вистинитоста и точноста на податоците споделени од посетителите на веб-страната и кандидатите за работа. Olive Advisory ќе биде ослободена од одговорност за компензација за каква било материјална и/или нематеријална штета што може директно или индиректно да биде предизвикана поради употреба на неверодостојни податоци или злоупотреба на податоците од страна на корисниците или од трети лица.
Контакт информации
Компанија: Olive Advisory
Адреса: бул. 3та Македонска бригада бр.70 ламела 3, влез 1/ приземје, Скопје – Аеродром, Република Северна Македонија
Телефон:
+389 78 515 003
+389 71 616 667
Е-пошта: info@oliveadvisory.co.uk
Веб-страна: https://oliveadvisory.mk/