За Нас

Olive Advisory е компанија која нуди консултантски и финансиски услуги во различни индустрии, во нашата држава и во странство

Посветени на професионализам и експертиза

Нашата компаниска култура

Нашите почетоци

Од Идеја до Експертиза

Olive Advisory е компанија основана во 2022 година. Обезбедуваме консултантски и финансиски услуги на широк спектар на клиенти во повеќе индустрии. Нашата посветеност и темелни познавања на финансискиот сектор ни овозможуваат да постигнеме исклучителни резултати во секој сегмент од вашето работење.

Нашата цел

ЗА ШТО СЕ ЗАЛАГАМЕ

Како компанија се залагаме за полесно остварување на вашите цели во временска рамка која вие ја одредувате. Нашата цел е клиентите со кои работиме да го подобрат начинот на перцепција и поставување на процесите за да овозможат подобра видливост на своите цели и следење на нивното остварување.

Сето ова го постигнуваме со имплементирање на финансиски софтвери во работењето кои овозможуваат лесна навигација на податоците, уредност во извештаите, прецизност во изготвување плати и даноци, водење сметководствени процеси и мониторинг на досегашното работење.

Нашето работење се заснова на постојано следење на законите и регулативите во Р.С. Македонија што ни овозможува да бидеме постојано во тек со новитетите во секторот, и истите да ги примениме во вашиот процес на работење за да постигнете висок квалитет.

Како Olive Advisory додава вредност во индустриите кои ги опслужува?

Општествена одговорност

Во Olive Advisory, веруваме дека социјалната одговорност не е само модерен збор, туку фундаментален аспект на нашата бизнис етика. Ние сме посветени на создавање можности и инкорпорираме социјална одговорност во секој аспект на нашето работење. 

Од нашите еколошки освестени практики до нашата поддршка за локалните хуманитарни организации и заеднички иницијативи, ние целиме да бидеме одговорна корпоративна компанија. Веруваме дека со инвестирање во добротворни цели, можеме да создадеме подобра иднина за сите.

За нашиот тим

НАШИОТ ПРИСТАП НА РАБОТА

Olive Advisory е компанија со седиште во Скопје, Р.С.Македонија, со тим од повеќе од 30 висококвалификувани вработени. Специјализирани сме за обезбедување финансиски услуги за различни индустрии и имаме докажана репутација за нашата експертиза и знаење.

Нашиот иновативен пристап на работа овозможува Olive Advisory, како аутсорсинг компанија, да работи на пазарот со повеќе компании на различни локации во Велика Британија, нашата земја, како и други земји.

Посветени сме на испорачување долгорочни резултати преку обезбедување висококвалитетни услуги по конкурентни цени, кои ги надминуваат очекувањата на клиентите.

ОБРАЌАЊЕ ДО ВАС

Во Olive Advisory, нашиот успех е поврзан со вашиот. Затоа, посветени сме да ви обезбедиме стручни насоки и градење долготрајни односи засновани на доверба, транспарентност и заедничка посветеност на извонредност.

Вашиот досегашен успех ги поставува темелите за Olive Advisory да се вклучи во усовршување на процесите и подобрување на временската рамка во која може да ги остварувате вашите цели. Дозволете ни да ви помогнеме да ја постигнете визијата за успех која ја имате замислено.