Услуги
За да ја унапредиме вашата организациска структура на финансии, ги нудиме следните услуги
Контактирајте нѐ за повеќе информации и дозволете ни да се погрижиме за вашата финансиска иднина.
СМЕТКОВОДСТВЕНИ УСЛУГИ
Нудиме сметководствени услуги на клиенти кои работаат според стандарди за усогласеност со меѓународното и локалното законодавство.
Во Olive Advisory имаме за цел да имплементираме интегрирани дигитални решенија кои обезбедуваат сигурна и брза услуга. Синхронизирано работиме со нашите клиенти за да обезбедиме усогласување помеѓу имплементираниот систем, како и нивните желби и потреби.
Сметководствените услуги вклучуваат:
- Книговодство и евидентирање на документи
- Подготовка на платен список
- Подготовка на извештаи според меѓународните стандарди за финансиско работење
- Советување во имплементација на сметководствени и информациски системи
- Подготовка и воспоставување на сметководствени политики и процедури на работење
ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ И ДАНОЧНО ПЛАНИРАЊЕ
Трансферни Цени
Во Olive Advisory, специјализирани сме да им помагаме на компаниите во однос на трансферните цени. Трансферните цени се однесуваат на вредноста на стоките и услугите кои се разменуваат помеѓу поврзани страни, најчесто во рамките на мултинационална организација.
Тимот на Olive Advisory им помага на клиентите да развијат и имплементираат политики за трансферни цени, да ги документираат резултатите и да одговорат на какви било предизвици од даночните власти. Разбираме дека трансферните цени се клучно прашање за мултинационалните компании и ние сме тука да го поддржиме вашиот бизнис.
Даночно Планирање
Во Olive Advisory разбираме дека даночното планирање може да биде сложен деловен процес. Токму затоа, помагаме на нашите клиенти да се движат низ комплексноста на даночното планирање. Обезбедуваме различни услуги за да им помогнеме на компаниите да го намалат даночното оптоварување и да ги подобрат нивните финансиски перформанси.
Нашиот тим е посветен да остане во тек со најновите даночни закони и регулативи. Оваа експертиза ја користиме за да развиеме приспособени решенија на даночно планирање за нашите клиенти.
Покрај традиционалните услуги за даночно планирање, нудиме и низа специјализирани услуги како што се меѓународно даночно планирање, планирање на имот и наследување и корпоративни реорганизации.
БИЗНИС ПЛАНИРАЊЕ И АНАЛИЗА
Во взаемна соработка со нашите клиенти идентификуваме можности каде компаниите развиваат стратегии за капитализирање и креирање детални планови за имплементирање на истите. Во зависност од бизнис моделот на нашиот клиент, можеме да го следиме и прогресот.
Услуги што ги нудиме во бизнис планирање и анализа:
- Анализа на податоци и трендови во индустријата
- Планирање на стратегии
- Идентификување на предизвици и дизајнирање на решенија кои ги исполнуваат целите на клиентот
- Истражување на нови производи или услуги за да се утврди потенцијалот на пазарот
БИЗНИС КОНТРОЛА
Услугата за бизнис контрола која Olive Advisory им ја нуди на своите клиенти е надгледување на бизнис и финансиските операции на организациите. Преку оваа услуга, ги поддржуваме различните финансиски потреби на компаниите. Бизнис контролата е поделена на финансиска контрола и кредитна контрола.
Финансиска контрола вклучува:
- Подготовка и анализа на буџети
- Следење, известување и анализа на буџети
- Преглед на точноста на финансиските извештаи
- Креирање месечни извештаи за биланс на состојба, биланс на успех и извештаи за готовински текови
- Прогнозирање на идните финансиски перформанси
Кредитна контрола вклучува:
- Проверка на неподмирените салда на должниците
- Развивање и имплементирање на системи за навремено плаќање
- Потврда дека компанијата се придржува до утврдените политики и процедури
- Градење на колаборации со клиенти
Покрај со финансискиот оддел, соработуваме и со други оддели во организациите за да разбереме што го води бизнисот и да идентификуваме можности за раст.
УПРАВУВАЊЕ СО ИНВЕСТИЦИИ
Преку нашите услуги за управување со инвестиции им помагаме на клиентите да ги постигнат финансиските цели со нашата експертиза во финансии, управување со ризик, регулативи и ИТ системи.
Услугите под управување со инвестиции вклучуваат:
- Анализа на инвестицијата предложена од клиентот – Вршиме проценка на инвестицијата, користејќи различни техники за предвидување и анализа
- Инвестициско советување – Обезбедуваме решенија и совети за предложената инвестиција со спроведување мерки за намалување на трошоците
- Управување со ризик – Анализираме системи за управување со ризик и обезбедување решенија за нивно подобрување
ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ
Проектен менаџмент е услуга која ќе ги поддржи и ќе им помогне на нашите клиенти да ги завршат проектите навреме, во рамките на буџетот и во целосна согласност со спецификацијата на проектот. Со оваа услуга, Olive Advisory овозможува клиентите да ги постигнат своите цели за квалитет и економичност.
Услуги под управување со проекти:
- Дефинирање на целите и опсегот на проектот, улогите и одговорностите
- Дефинирање на ресурси
- Планирање на буџет
- Подготовка на детален проектен план
- Управување со реализацијата на проектот според предвидениот план
- Управување со промени во обемот на проектот, планот или буџетирањето
- Препознавање и намалување на можни ризици
- Комуникација со клиентот и сите вклучени страни, осигурувајќи дека проектот ги исполнува нивните очекувања
ПРАВНИ УСЛУГИ
Правните услуги се дизајнирани да им помагаат на организациите во беспрекорно решавање на сложени меѓународни правни прашања. Тимот на Olive Advisory е составен од искусни правни професионалци кои тесно соработуваат со даночните и финансиските советодавни експерти и ви помагаат да ги надминете правните предизвици.
Правните услуги вклучуваат:
- Правни совети за корпоративни и комерцијални прашања во врска со трансакции
- Појаснување на правните процеси за зголемување на ефикасноста и намалување на оперативните трошоци
- Приспособени решенија за задоволување на вашите специфични потреби за трговско право
- Водење низ корпоративно реструктуирање како што се спојување, превземање и продавање
- Усогласеност со законите за работни односи
- Советување за пензиски планови
- Совети за стратешко даночно планирање
- Изготвување и преглед на договори
- Придржување до прописите за заштита на лични податоците
Управување со законските барања за различни видови бизнис субјекти
АУТСОРСИРАНА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА
Olive Advisory прави финансиска анализа, проценка на ризик, и предлага решенија за усогласеност со процесите. Услугите за внатрешна ревизија вклучуваат ангажирање независни професионалци од нашиот тим кои можат да работат како дел од вашата компанија.
Olive Advisory ги нуди следните услуги во рамките на внатрешната ревизија:
- Обезбедување на ефикасност на тековните активности
- Водење финансиска евиденција
- Потврдување на автентичност на записите
- Усогласеност со стандарди
- Развој на нови стандарди
- Консултации за други оддели
- Целосни решенија за внатрешна ревизија
- Квалитетни прегледи на функциите на внатрешната ревизија