Погледнете ги индустриите кои Olive Advisory ги опслужува и дознајте повеќе информации за секоја од нив
Olive Advisory нуди целосен пакет сметководствени, даночни и советодавни услуги во здравствениот сектор.
Градиме успешни приказни заедно со повеќе од 10 компании во здравствениот сектор лоцирани во Велика Британија. Нашиот тим со меѓународно искуство работи на организациските структури, финансиските процеси и утврдувањето на веќе постоечките добри пракси. Исто така, Olive Advisory врши консултации и точно знае што е потребно за да се постигнат успешни резултати.
Нашата експертиза во здравството се темели на целосна интеграција и дигитализација на процесите кои компаниите ги имаат веќе развиено. Меѓу другото, работиме на усовршување на истите, сѐ со цел постигнување на поефикасно остварување на целите.
Olive Advisory обезбедува иновативни решенија посебно дизајнирани за поддршка на клиентите, како што се дигитална трансформација, анализа на податоците и безбедност на истите.
Водењето на бази на податоци и обезбедувањето извештаи и решенија се од најголема важност. Токму затоа, нашите консултантски услуги се тука за да ги конструираме вашите податоци визуелно и да ви помогнеме со изготвување на месечните примања на вашите вработени.
Olive Advisory се стреми да им помогне на земјоделските бизниси да се носат со целиот технолошки напредок во оваа индустрија без да се наштети на финансиските перформанси.
Инвестирањето во иновативни технолошки алтернативи бара огромни финансиски инвестиции. Услугите што ги нудиме помагаат да го пронајдеме најефикасниот и најефективниот начин за користење на истите во одржување на инвестицијата.
Нашиот тим ќе ви помогне да ги согледате локалните можности и да бидете во тек со глобалните прашања за да ги искористите шансите за бенефит од истите. Со тоа, ви овозможуваме да го насочите целосно вашиот фокус на развивање стратегии за подобрување на финансиските резултати.
Малопродажната и индустријата на големо се клучен економски сектор во Европската Унија (ЕУ). Овој сектор, кој доживува брза трансформација, опфаќа речиси пет милиони претпријатија, што отприлика изнесува околу една петтина од сите регистрирани компании во ЕУ.
Побарувањата на потрошувачите се менуваат, а трендовите, како што се растот на е-трговијата и потребата за декарбонизација на економијата претставуваат дополнителен предизвик за сегашните бизнис модели, но и еднакво обезбедуваат можности за раст.
Ние, како Olive Advisory, компанија водена од тим од професионалци во финансиската сфера, можеме да го поддржиме вашиот корпоративен раст преку развивање бизнис стратегии и процеси. Нашиот тим помага во изработка на документации поврзани со сметководствени услуги и фактурирање, пресметување на месечни примања и останати финансиски процеси.
Olive Advisory ги следи сите новости кои го диктираат темпото за раст на компаниите за технолошки развој и иновации. Со нашето знаење можеме да ја опслужиме динамиката и брзиот развој кои оваа индустрија ги налага.
Подготвени сме да воспоставиме процеси кои ќе овозможат обезбедување на ресурси и додадена вредност потребни за да помогнеме вашата компанија да напредува во секоја бизнис фаза. Нашиот тим од експерти може да ја поддржи вашата визија да се развива преку инвестициски предлози според насоката во која се движите.
Улогата на Olive Advisory во оваа индустрија обезбедува услуга во повеќе сфери на работењето. Нашата досегашна успешна соработка со компаниите кои работат во секторот на туризам и угостителство, ни овозможија да ги утврдиме најдобрите пракси во бизнис планирањето и менаџирањето на сметководствени услуги.
Имено, се стремиме кон унапредување на дигитализацијата на процесите, изготвување на финансиска анализа, месечни примања, како и пријава на данок. Нашето портфолио вклучува консултантски услуги кои водат кон подобрување на стратегиите и целокупната финансиска стабилност.
Olive Advisory е компанија која поседува експертиза за низа консултантски услуги, вклучувајќи финансиска анализа, стандардизација, инвестициско планирање и многу повеќе.
Отсуството на регулатива и стандардизација како и недоволното истражување за ефективноста на коучингот, се едни од главните предизвици со кои се соочуваат професионалците кои работат во оваа индустрија.
Без разлика дали сакате да го подобрите вашето финансиско управување, да создадете поефикасен деловен модел или да развиете стратешки план за раст, нашиот тим поседува знаење и искуство од финансиска анализа и буџетирање до инвестиции и стратешко планирање. Поседуваме софтвери и ресурси кои ќе ви помогнат да го мултиплицирате вашиот финансиски капитал на едно повисоко ниво.
Контактирајте нѐ за да ја започнеме нашата соработка.