Политика на Приватност

Политика на приватност на Olive Advisory

Во Olive Advisory еден од нашите главни приоритети е приватноста на посетителите и кандидати за работа преку веб-страната. Оваа Политика на приватност го регулира начинот на кој Olive Advisory ги собира, користи, одржува, заштитува и открива податоците собрани од корисниците кога ја посетуваат веб-страната https://oliveadvisory.mk

Оваа Политика на приватност се однесува само на наведената веб-страна и не се однесува на личните податоци што Olive Advisory ги собира од корисниците на други начини.

Оваа Политика на приватност, исто така, не се однесува на личните податоци собрани од други веб-страни до кои можете да пристапите преку нашата веб-страна.

Личните податоци се обработуваат согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

Ако имате дополнителни прашања или барате повеќе информации за нашата Политика на приватност, не двоумете се да нѐ контактирате:

Контролор на лични податоци

Компанија: Olive Advisory

Адреса: бул. 3та Македонска бригада бр.70 ламела3 влез 1/ приземје Скопје – Аеродром

Телефон:

+389 78 515 003

+389 71 616 667

Е-пошта: info@oliveadvisory.co.uk

Веб-страна: https://oliveadvisory.mk

Согласност

Со прифаќање на Политиката на приватност, ја давате вашата согласност за собирање и обработка на вашите лични податоци од страна на Olive Advisory, под условите наведени подолу.

Дефиниции

„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на физичко лице кое може да се идентификува (субјект на податоците), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно врз основа на идентификатор како што се: име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.

„Посебни категории на лични податоци“ се лични податоци кои откриваат информации за расно или етничко потекло, политичките ставови, верски или филозофските убедувања или членството во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци, податоци за здравје или или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација на физичкото лице.

„Обработка на лични податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

„Субјект на лични податоци“ е физичко лице корисник на услугите на Olive Advisory чии податоци се предмет на обработка од Olive Advisory.

„Овластено лице“ е лице вработено или ангажирано во Olive Advisory кое има овластен пристап до документи и информациска и комуникациска опрема на која се обработуваат личните податоци.

Кои лични податоци ги собираме и како ги обработуваме?

Кога ќе ја посетите нашата веб-страна

Кога ја користите нашата веб-страна обично собираме, анализираме и обработуваме податоци поврзани со услугите што вие како посетител на страната ги пребарувате со помош на колачиња и кешови во согласност со нашата Политика за колачиња. Добиените податоци ги користиме со цел да ги подобриме нашите услуги и изгледот на нашата веб-страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење на услугите.

Кога ќе нѐ контактирате преку телефон/е-пошта/социјални медиуми

Кога нѐ контактирате преку социјалните медиуми, преку е-пошта за контакт info@oliveadvisory.co.uk или телефон, а во врска со вашите прашања, барања и потреби, може да се побараат следниве информации:

  • Име
  • Презиме
  • Е-пошта и/или телефонски број
  • Сите други информации што ќе одберете да ги дадете (на пример, причина за контактирање итн.)

Целта на обработката на наведените податоци преку телефон/ е-пошта/социјални медиуми за комуникација со вас од страна на вработените во Olive Advisory е да се одговори на вашите прашања и барања.

Кога ќе пополните онлајн форми

Доколку користите онлајн форми на веб-страната, ве замолуваме да ги внесете следните податоци:

  • Име
  • Е-пошта и телефонски број
  • (Било какви други информации што ќе одберете да ги дадете во делот за порака)

Целта на обработката на наведените податоци е комуникација со вас од страна на вработените во Olive Advisory со цел да одговорат на вашите прашања и/или барања наведени во делот за порака.

Кога аплицирате за работна позиција

Ако изберете да аплицирате за работа во Olive Advisory, ќе биде побарано да ги внесете следните информации:

  • Име
  • Презиме
  • Локација
  • Е-пошта / Телефонски број

Исто така, ќе треба да ја оставите вашата биографија (CV) и URL-адреса на профилот на LinkedIn, од каде ги собираме следниве дополнителни лични информации:

  • Датум и место на раѓање
  • Адреса
  • Државјанство
  • Образование
  • Сите други информации наведени во CV-то

Ние ги користиме личните информации што ни ги доставувате со пополнување на онлајн формата за апликација за работа за да одлучиме за вашата соодветност за позицијата за која сте аплицирале.

Други информации што ги собираме

Кога корисниците ја посетуваат веб-страната, Olive Advisory може да собира информации кои сами по себе не се доволни за да се идентификува одредена личност и се статистички показатели кои се користат за подобрување на квалитетот на веб-страната. Таквите информации може да вклучуваат: име на интернет пребарувач, тип на компјутер, технички информации за врската што корисникот ја користи при посетата на веб-страната како што се оперативен систем и давател на интернет услуги, интернет протокол (IP) адреси кои се доделени од давателот на интернет услуги и се различни за секој корисник, како и други слични информации.

Правен основ за обработка на податоци

Преземаме соодветни мерки за да се осигураме дека обработката на личните податоци е во согласност со законите и прописите.

Правниот основ за обработка на вашите лични податоци зависи од целите за кои ги обработуваме истите.

Ова се правните основи за обработка на вашите лични податоци:

  • Изјава за согласност
  • Исполнување на законска обврска
  • Суштински интереси на субјектот на податоците или на друго физичко лице
  • Јавен интерес или јавно овластување
  • Исполнување на договорна обврска
  • Легитимен интерес на Olive Advisory

Во секое време може да побарате од Olive Advisory прекин на обработката на вашите податоци врз основа на нашиот легитимен интерес.

Онаму каде што сме законски обврзани да добиеме ваша согласност за обработка на вашите лични податоци или посебни категории на лични податоци, ние ќе ја побараме таа согласност од вас во соодветно време. Ако одлучите да не дадете согласност, нема да можеме да извршиме некои од задачите што ни се потребни за да ви обезбедиме одредени услуги.

Пренос на лични податоци

Активностите за обработка на лични податоци поврзани со услугите на Olive Advisory ги вршат вработените во Olive Advisory одговорни за овие услуги или лицата задолжени за вршење на активности за обработка на лични податоци.

Вашите лични податоци ги пренесуваме со цел:

  • обезбедување услуги и обработка на барања/прашања
  • регрутирање
  • ревизии
  • бизнис цели

Не пренесуваме информации за вас и/или вашата посета на нашата веб-страна и/или вашите барања и апликации на трети страни, освен во следниве случаи:

  • во случај на ангажирање на даватели на услуги под услов да постапуваат според упатствата на Olive Advisory и да обезбедат заштита на личните податоци обработени за време на обезбедувањето на тие услуги
  • на барање на суд, полиција, ревизори или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа

Можеме да ги пренесеме вашите лични податоци во други земји. Доколку вашите лични податоци се пренесени надвор од Република Северна Македонија, се грижиме тоа да се направи со специфични и законски одобрени заштитни мерки.

Како ги заштитуваме вашите лични податоци?

Olive Advisory ги обработува вашите лични податоци во согласност со прописите за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациски мерки за да обезбеди доверливост и заштита при обработката на личните податоци.

Онаму каде што е соодветно, користиме шифрирање и/или други безбедносни мерки за да ги заштитиме вашите лични податоци. Исто така, периодично ги прегледуваме нашите безбедносни процедури за да ја подобриме безбедноста на вашите лични податоци.

Olive Advisory обезбедува сигурност и доверливост на вашите лични податоци со преземање безбедносни мерки при собирањето, складирањето и обработката на информации за заштита од неовластен пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци кои не се лични, но се зачувани на нашата страна.

Од вработените во Olive Advisory се бара да ги чуваат во доверба сите информации (вклучувајќи ги и личните податоци) што може да се добијат за време на извршувањето на нивните должности.

Колку долго ги чуваме вашите лични податоци?

Вашите лични податоци ги чуваме не подолго отколку што е потребно за целите за кои се собираат истите. Кога одлучуваме колку долго треба да ги чуваме вашите лични податоци, ги земаме предвид следните фактори:

  • законски обврски
  • упатства издадени од релевантни органи за заштита на податоците

Во спротивно, безбедно ги бришеме податоците штом повеќе не се потребни.

Имајте предвид дека различни закони бараат од нас да чуваме различни податоци за различни временски периоди.

Во случај на апликација за работа, вашите лични податоци ги чуваме на следниов начин:

  • Ако вашата апликација е успешна и ја прифатите работата, ќе ги користиме вашите лични податоци дадени за време на процесот на онлајн апликација за да извршиме проверка пред вработувањето (повеќе детали ќе ви бидат дадени во тој момент) и овие информации, исто така, ќе бидат дел од вашето досие за вработување. Исто така, водиме евиденција за платен список и задолжителните придонеси за пензиско и здравствено осигурување, годишен одмор, боледување, образование (копија од потврди и други документи кои го докажуваат степенот на образование), податоци за претходно вработување, податоци за работно искуство, работна позиција, податоци за приходите според придонеси од плата и плата и број на жиро сметка.
  • Ако вашата апликација е неуспешна или одлучите да не ја прифатите работата, ќе ги задржиме вашите податоци онолку долго колку што е потребно за целите на обработка на вашата апликација. Вашите податоци ќе ги чуваме во рок од 5 дена од денот на завршувањето на изборот за работната позиција. Со ваша согласност, можеме да ги чуваме вашите податоци подолг период за да ве контактираме за идни достапни работни позиции кои се соодветни за вас.

Ако сме добиле ваша согласност за обработка на вашите лични податоци, ќе престанеме да ги обработуваме истите кога ќе ја повлечете согласноста со контактирање на Olive Advisory. Во некои случаи, може да продолжиме со обработка на вашите лични податоци доколку сме законски обврзани или врз основа на нашиот легитимен интерес.

Онаму каде што сме добиле ваша согласност за обработка на вашите лични податоци, тоа ќе го направиме во согласност со нашата Политика на приватност. Ова предвидува дека ќе ги чуваме личните податоци само онолку колку што е потребно и ќе ги прегледаме основите за чување на вашите податоци во случај кога не сме биле контактирани повеќе од 1 година. По истекот на тој период, компанијата ќе побара дополнителна согласност од вас. Онаму каде што не е дадена согласност, компанијата ќе престане да ги обработува вашите лични податоци.

Вашите права

Вашите права во врска со обработката на личните податоци се:

  • право да се биде информиран за обработката на личните податоци
  • право на пристап до лични податоци
  • право на корекција и бришење лични податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на преносливост на податоци
  • право на приговор

Овие права не се апсолутни и секое подлежи на одредени исклучоци.

Дополнителни информации и совети за вашите права може да се добијат од Olive Advisory на телефонскиот број +389 71 616 667 или на следната е-пошта: info@oliveadvisory.co.uk.

Обично постапуваме по барањата и обезбедуваме информации бесплатно, но може да наплатиме одреден финансиски надоместок за покривање на нашите административни трошоци за обезбедување на информации за:

  • неосновани или прекумерни/повторени барања или
  • дополнителни копии од бараните информации

Дополнително, имаме право да одбиеме да постапиме по одредено барање.

Ќе одговориме на вашето барање во рок од еден месец од неговото примање. Доколку процесот трае подолго, ќе ве информираме за причините.

Ако не сте задоволни од начинот на кој постапувавме со вашите информации, ве молиме контактирајте нѐ.

Ако не сте задоволни со нашиот одговор на вашето барање или верувате дека обработката на вашите лични подаотоци не е во согласност со законите, можете да поднесете жалба до релеванти надлежни органи и тела.

Ажурирање на Политиката на приватност

Olive Advisory го задржува правото да ја измени или дополни оваа Политика на приватност во секое време со објавување на ажурираната верзија на веб-страната https://oliveadvisory.mk која ќе биде применлива и валидна од моментот на нејзиното објавување.

Корисникот се согласува дека е негова/нејзина одговорност периодично да ја прегледува Политиката на приватност и дека е свесен за било какви промени.